Циклус „Јубилејни предавања
на Иститутот за филозофија“

Информираме за една убава традиција што низ годините ја негува Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, односно, за одбележувањето на јубилеите од животите на пензионираните професори на Институтот за филозофија преку организирање на пригодни предавања. На тој начин, на професорите им се оддава заслуженото признание за нивната животна посветеност кон филозофијата и за особениот придонес за развојот на македонската филозофска традиција, додека пак на новите генерации им се овозможува да го доживеат искуството на непосреден филозофски дијалог со нив.

На почетокот на наредната недела (11-13 декември, понеделник/среда) ќе биде организиран Циклусот „Јубилејни предавања на Иститутот за филозофија“, кој во себе ќе вклучи три предавања:

  • 11 декември (понеделник) – акад. Ферид Мухиќ (80 години живот), предавање на тема: „Феноменолошка ноуменологија на духот и телото“;
  • 12 декември (вторник) – проф. д-р Мирко Ѓошевски (75 години живот), предавање на тема „Еден филозофски оглед за љубовта“;
  • 13 декември (среда) – проф. д-р Љубомир Цуцуловски (75 години живот), предавање на тема „Фантоматика“.

Предавањата се од отворен карактер и ќе се одржат во слушална бр. 8 на Филозофскиот факултет, со почеток во 12:00 часот.

You may also like...