Конкурс за наградите
„Константин Философ“ за 2024

Наградите „Константин Философ“ Филозофското друштво на Македонија се замислени како видлива внатреструкова валоразиција на домашните филозофски постигнувања. Наша желба е тие да дадат и дополнителен поттик во промоцијата на филозофското творештво, образование и воопшто култура. Оттука, со наградите ќе се оддаде признание на дострели во три категории: животно дело, филозофска книга на годината и млад филозофски истражувач.

Во продолжение е текстот од Конкурсот, а најдолу има и линк до неговата пдф-верзија.

 

НАГРАДИ

Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) ги доделува наградите „Константин Философ“ со цел оддавање признание за постигнувања и значаен придонес за развојот на филозофијата во нашата земја. Наградите се доделуваат во три категории: за животно дело, за филозофска книга на годината и за млад филозофски истражувач.

  • Наградата за животно дело се доделува за вкупниот опус на филозоф во филозофското творештво, филозофското образование, како и за афирмацијата на филозофијата во земјата и во странство.
  • Наградата за филозофска книга на годината се доделува за оригинален и значаен труд од областа на филозофијата. Наградата се доделува за книга, објавена во текот на календарската 2024 година.
  • Наградата за млад филозофски истражувач се доделува за истакнат творечки придонес на филозоф до триесет и пет (35) годишна возраст.

На Конкурсот се доделуваат три награди, по една во секоја категорија. ФДМ на добитниците на наградите ќе им додели соодветни Дипломи.

 

КАНДИДАТИ, ПРЕДЛОЗИ И ПРИЈАВУВАЊЕ

Кандидати за наградите „Константин Философ“ се државјани на Република С. Македонија.

Предлози за доделување на наградите може да поднесе секој полнолетен граѓанин на нашата земја, групи или здруженија на граѓани, или институции што се занимаваат со образовна, научна и истражувачка дејност.

Предлогот за кандидатот треба да содржи образложена пријава и релевантна био-библиографија (освен за наградата за филозофска книга на годината).

Предлозите се сметаат за валидни доколку во предвидените рокови стигнат на адресата на Филозофското друштво на Македонија, бул. Гоце Делчев 9А, 1000 Скопје (Филозофски факултет) или на официјалната електронска адреса: macedonian.philosophy@gmail.com. (За предлозите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во подолу назначениот рок за предавање.)

За наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината (за 2024 година) потребно е да се испрати еден примерок од делото на горенаведената адреса, и/или финална пдф. верзија од делото на посочената електронска адреса.

 

Преземи Конкурс за награда „Константин Философ“ 2024

You may also like...