Настани

ПРЕДАВАЊЕ НА КИНЕСКИОТ ФИЛОЗОФ ОУЈАН КАНГ

Информираме дека во организација на Филозофското друштво на Македонија ќе се одржи предавање на истакнатиот кинески филозоф Оујанг Канг (Ouyang Kang), на тема: „Generative Artificial Intelligence and its Meanings in the Perspective of Social Epistemology“.   Д-р Оујанг Канг е професор на Универзитетот за наука и технологија Хуажонг (Huazhong University of Science and Technology), којшто спаѓа меѓу десетте најдобри во Кина и, според Шангајската листа, се наоѓа меѓу првите сто Универзитети во светот. ...

ПРОФ. Д-Р ИВАН ЏЕПАРОСКИ, ПРИСТАПНО ПРЕДАВАЊЕ ВО МАНУ

Информираме за пристапното предавање како дописен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) на проф. д-р Иван Џепароски со наслов: „Уметноста и институционалната теорија на уметноста“. Пригодна реч ќе одржи акад. Влада...

ПОБЕДНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ФИЛОЗОФИЈА 2026

На 14 март на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа седмиот акредитиран Државен натпревар по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование што го организира Филозофското друштво на Македонија. На натпреварот учествуваа 20...

70 ГОДИНИ ФИЛОЗОФСКО ДРУШТВО НА МАКЕДОНИЈА
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ДЕНОТ НА ФДМ

Годинава Филозофското друштво на Македонија одбележува 70. години постоење (формирано во 1956 година под името Филозофско друштво на Социјалистичка Република Македонија). Така, под закрила на овој убав јубилеј на 10 март (вторник) по трет пат пригодно ќе се чествува денот на ФДМ. ...

ПЕТТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА (Словенечко филозофско друштво) 

Пренесуваме информација за Петтата меѓународна конференција на Словенечкото филозофско друштво, којашто ќе се одржи на 13-14 февруари (петок-сабота) во Љубљана. Темата на Конференцијата гласи: „The Significance of Critical Thought and the Place of Philosophy in Public Debates of Contemporary Society“.   Како интернационални гости на Конференцијата ќе учествуваат нашите колеги: д-р Бошко Караџов (со тема:...

Промоција на 37. број на списанието „Филозофска трибина“

На 22 јануари (четврток), во Културно информативниот центар – Скопје, со почеток во 19:00 ч., ќе се одржи промоција на 37. број на списанието „Филозофска трибина“. Во „Филозофска трибина 37“ има десет текстови од...

СВЕТСКИ ДЕН НА ЛОГИКАТА 2026

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија по петти пат го одбележаa Светскиот ден на логиката. По тој повод, се одржa традиционалното онлајн предавање, годинава на тема: „ВТЕМЕЛУВАЊЕТО...

22. ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФИЛОЗОФИЈАТА

На 20 ноември (третиот четврток во месецот) ќе го чествуваме Светскиот ден на филозофијата. По девети пат, настанот ќе биде отворен со Мал концерт на студентите од Факултетот за музичка уметност, во класата на...

Светски ден на филозофијата 2025 
Повик за симпозиум 

Како дел од 22. одбележување на Светскиот ден на филозофијата (20 ноември 2025), Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, организираат СИМПОЗИУМ на тема:    ФИЛОЗОФИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ...

15. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ (22-28 мај, Главна програма)

Информираме за претстојното јубилејно 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал (15. ФФФ), чијашто Главна програма ќе се одржи во периодот 22-28 мај во скопската Кинотека.   Како и секоја година фестивалската програма се содржи од...