ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА 39

 Информираме за излегувањето на новата 39-та „Филозофска трибина“. 

Во неа се поместени осум текстови од Темата на бројот: „ФИЛОЗОФИЈАТА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ (од АМЕРИКАНСКИОТ ФИЛОЗОФ Стивен Фридман, Љубомир Гајдов, проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Јасмина Поповска и Марија Тодоровска, д-р Данка Јовева, доц. д-р Бошко Караџов, д-р Игор Поп Трајков и м-р Тони Димитров), тема од минатогодишниот симпозиум во рамките на Светскиот ден на филозофијата (одржан на 20 ноември 2025 година). На почетокот од бројот има два текста во рубриката Ин мемориам (од проф. д-р Дејан Донев и проф. д-р Радомир Виденовиќ), посветени на професорот Кирил Темков (1943-2025). Освен нив во списанието ги има уште и следните содржини: еден Авторски текст (од кинескиот филозоф, проф. д-р Оујанг Канг); еден текст во рубриката Филозофско наследство (од проф. д-р Боби Бадаревски), посветен на Јирген; два текста во рубриката Средношколски форум (од Дарио Постоловски и Васја Мицковски); еден Приказ на списание (од м-р Мариглен Демири); и три прилога во рубриката Филозофски живот, од кои еден е осврт кон 15. Филозофски филмски фестивал (од Андреј Лазаревски). 

Целокупната содржина на двата броја, можете да ја најдете на следниот линк: https://fdm.mk/filozofska-tribina-39/  

Излегувањето на „Филозофска трибина“ е поддржано од страна на Министерството за култура и туризам и списанијата можат да се најдат во Книжарница Или Или, по цена од 150 ден. по примерок. 

You may also like...