„Филозофска трибина“ бр. 34

Информираме за појавувањето од печат на второто минатогодишно издание на „Филозофска трибина“, односно бројот 34. Оваа свеска нема централна тема и во неа можат да се сретнат 6 авторски текстови (од: Мирко Ѓошевски, Трајче Стојанов, Марија Тодоровска, Александар Стаматов, Пантелеј Кондратјук и Бошко Караџов). Списанието содржи и два преводи на текстови (од Еуген Финк и Стивен Фридман, во превод на Трајче Серафимовски и Ана Димишковска). Во рубриката Студентски форум има три текстови (од: Сара Котеска, Андреј Лазаревски и Илија Вељаноски).Рубриката Прикази содржи еден прилог од Ана Димишковска. Последната рубрика Филозофски живот ги содржи стандардните прилози (прегледите на филозофските настани и на новообјавените наслови со филозофско педигре), како и Осврт кон 13. Филозофски филмски фестивал сочинет од Марија Велинова.
Излегувањето на овој број на „Филозофска трибина“ е поддржан од страна на Министерството за култура и тој може да се најде во книжарниците „Или–Или“, „Култура“ и Буква по цена од 150 ден. по примерок.

Целокупната содржина на бројоте достапна на следниот линк од веб-страницата на Филзофското друштво на Македонија: https://fdm.mk/filozofska-tribina-br-34/

You may also like...