Промоција на две
„Филозофска трибина“ (број 31. и 32.)

Филозофското друштво на Македонија организира промоција на двете последно излезени „Филозофски трибини“ (31. & 32.). Промоцијата ќе се одржи на 23 март (четврток), во Културно Информативниот Центар – Скопје, со почеток во 19:30 ч. Пригодна промотивна реч за списанијата ќе одржи проф. д-р Ристо Солунчев.

Во „Филозофска трибина 31“ се поместени 10 авторски текстови на тема ФИЛОЗОФСКАТА МИСЛА ВО МАКЕДОНИЈА, други два авторски текстови,
како и по еден текст од рубриките Студентски форум и Средношколски форум.

„Филозофска трибина 32“ ја сочинуваат 9 авторски текстови на различни релевантни философски теми, два преводи, по еден текст од рубриките Студентски форум и Средношколски форум, три прикази на книги и поширок осврт
кон 12. Филозофски филмски фестивал.

Двете изданија беа поддржани од страна на Министерството за култура и можат да се најдат во Книжарница Или Или, Култура – Во светот на книгите и Буква.

You may also like...