Натпревари по Филозофија, 2023

Годинава, во организација на Филозофското друштво на Македонија по четврти пат се одржаа акредитирани натпревари по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование. Во периодот февруари-март Друштвото во соработка со колегите наставници од средните училишта ги спроведе натпреварите на три нивоа: општинско, регионално и државно.

На Регионалните натпревари (Велес – СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, Скопје – СУГС Гимназија „Орце Николов“, Тетово – СОУ Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“) учествуваа ученици од 14 училишта од 12 градови во државата. Победниците од натпреварите и нивните ментори добија сертификати соодветни на постигнатиот успех.

На Државниот натпревар, којшто се одржа на 11 март на Филозофскиот факултет во Скопје, зедоа учество најдобро рангираните 25 ученици од Регионалните натпревари, односно ученици од 11 училишта од 10 градови од Републиката. На годинешниот натпревар најдобро пласирани беа следните ученици.

🥉Трето место:

  • Тамара Здравкова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • Јована Мечева (СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ментор: Даниела Гражданлиева), и
  • Андреј Ѓорѓиевски (СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска Чуркоска);

 

🥈 Второ место:

  • Тамара Беркова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • Корнелија Заркова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • Теа Русевска (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • Константин Панев (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева), и
  • Никола Димчев (СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ментор: Даниела Гражданлиева);

 

🥇 Прво место:

  • Макрина Јорданова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • Иван Зафиров (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • Теодора Лазеска (ОСУ „Климент Охридски“ – Охрид, ментор: Јане Богоески), и
  • Божица Јакимова (СОУ „Богданци“ – Богданци, ментор: Ристо Живковиќ);

 

Сите ученици, учесници на Државниот натпревар ќе добијат соодветни сертификати, додека првопласираните ученици и пригодни награди во форма на книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје.

Филозофското друштво на Македонија им честита на сите ученици и ментори што зедоа учество на натпреварите, а посебно на најдобро пласираните.

 

You may also like...