Повик за текстови за “Филозофска трибина 34”

Редакцијата на „Филозофска трибина“ потсетува дека рокот за испраќање на различните прилози (авторски текстови, преводи, рецензии на книги, резимеа, други прилози и сл.) за 34. издание е 1 септември 2023 година.
За посочениот број не е предвиден засебен темат, па релевантните авторски текстови можат да бидат од разновиден дисциплинарен, историски и проблемски филозофски дијапазон.
Во списанието содржините се објавуваат на македонски јазик, а авторските текстови не се претходно објавувани. Тие треба да содржат име и презиме на авторот, наслов на текстот, информации за академскиот статус и афилијацијата (контакт информации), кратко резиме на текстот на еден од светските јазици (200-300 зборови), коешто треба да ги има следните податоци: име и презиме на авторот и наслов на текстот (на избраниот светски јазик).
Текстовите треба да бидат испратени во фонт со македонска кирилична поддршка. Цитирањето е според преференцијата на авторите – единствено е неопходно целосно и доследно да се спроведува избраниот модел.
Текстовите се испраќаат преку електронска пошта, како прикачени документи во MS Word на адресата на списанието: filozofskatribina@outlook.com.
Редакција на „Филозофска трибина“