ПОБЕДНИЦИ НА ДРЖАВНИОТ НАТПРЕВАР ПО ФИЛОЗОФИЈА 2026
На 14 март на Филозофскиот факултет во Скопје се одржа седмиот акредитиран Државен натпревар по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование што го организира Филозофското друштво на Македонија. На натпреварот учествуваа 20 ученици од 7 училишта и 6 градови од земјата. Според новиот Правилник за организирање на натпревари во средното образование од Министерството за образование и наука, на натпреварите има еден победник, но е препорачано и рангирање според бодовна скала. Имајќи го ова предвид, победник на годинешниот натпревар е ученикот Васја Мицкоски (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ), додека пласманот според бодовната скала е структуиран на следниот начин.
Трето место:
· Леона Ширкова (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Јулијана Јолевска),
· Ива Данилова (СОУ Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
· Елена Петреска (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Јулијана Јолевска),
Второ место:
· Милена Неделковска (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Јулијана Јолевска),
Прво место:
· Искра Ѓероска (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Јулијана Јолевска),
· Васја Мицкоски (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ).
Сите учесници (ученици и наставници ментори) на Државниот натпревар добија сертификати за учество, а првопласираните ученици ќе добијат и пригодни награди (книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и од Филозофскиот факултет во Скопје) на специјален настан што ќе се организира на 26 мај на Филозофскиот факултет (Сала за седници, 11 час).



