Зборници

ΛOΓΟΣ и ΤΡOΠΟΣ

Зборникот на трудови ΛOΓΟΣ и ΤΡOΠΟΣ содржи дванаесет трудови од истоимениот Меѓународен симпозиум одржан на 29-30 мај 2017 год. на Филозофскиот факултет, во организација на Институтот за филозофија и Институт за класични студии при Филозофскиот факултет, Здружение на класични филолози „Антика“ и Филозофското друштво на Македонија.

Во улога на уредници на Зборникот се јавуваат: д-р Ристо Солунчев,
д-р Светлана Кочовска – Стевовиќ, д-р Милан Ѓорѓевиќ и д-р Марија Чичева – Алексиќ. Доколку се има предвид соработката меѓу филозофите и класичарите, „ΛOΓΟΣ и ΤΡOΠΟΣ“ е четврти заеднички Зборник после: „АНТИЧКИОТ ИДЕАЛ НА ΚΑΛΟΚΑΓΑΘIΑ“ (2016), „CHRONOS И KAIROS − АНТИЧКИТЕ КОНЦЕПТИ ЗА ВРЕМЕТО“ (2017) и „ЗА ДУШАТА“ (2018).

Зборникот е достапен на следниов линк: Логос и Тропос

ЗА ДУШАТА

Зборник на трудови од меѓународната научна конференција „ЗА ДУШАТА“, која беше одржана на 1-3 јуни 2016 година во Скопје (МАНУ — Институт за македонски јазик — Филозофски факултет) е излезен од печат. Конференцијата, како и зборникот со истиот наслов кој има меѓународен карактер, го приредија и издадоа заеднички Здружението за компаративна книжевност на Македонија, Здружението на класични филолoзи АНТИКА и Филозофското друштво на Македонија, а во него се поместени 37 текстови на македонски автори и автори од странство. Промоцијата се одржи на 27 февруари (среда), во МАНУ (малите сали) со почеток во 12 часот. На промоцијата Воведно обраќање ќе има акад. Георги Старделов, а промотори ќе бидат: проф д-р Валентина Миронска-Христовска, проф. д-р Весна Томовска и вонр. проф. д-р Милан Ѓорѓевиќ. Електронска верзија на Зборникот е достапна на следниот линк:
За душата.

CHRONOS И KAIROS −
АНТИЧКИТЕ КОНЦЕПТИ ЗА ВРЕМЕТО

Зборникот на текстови CHRONOS И KAIROS – АНТИЧКИТЕ КОНЦЕПТИ ЗА ВРЕМЕТО излезе од печат. Ова е втор зборник кој е резултат на плодната соработка изминативе три години на Филозофското друштво на Македонија и Здружението на класични филолози „Антика“.

Зборникот го сочинуваат пристигнатите текстови од истоимениот симпозиум оддржан на 25 февруари 2015 година во организација на двете здруженија, а негови уредници се проф. д-р Ана Димишковска и доц. д-р Даниела Тошева. Во него се поместени текстовите на акад. Витомир Митовски, доц. д-р Марија Тодоровска, доц. д-р Невена Панова, доц. д-р Даниела Тошева, доц. д-р Светлана Кочовска-Стевовиќ, проф. д-р Светлана Камџијаш, проф. д-р Елена Џукеска, проф. д-р Ана Димишкосвска, проф. д-р Слаѓана Ристиќ Горгиев, д-р Марија Тодороска, д-р Мартин Поповски, д-р Симо Георгиев, м-р Душица Ѓокиќ и доц. д-р Лидија Ковачева.

Излегувањето на Зборникот беше потпомогнато од Општина Центар, а промоцијата е планирана да се случи во втората половина од јануари.

Зборникот можете да го преземете на следниов линк: Chronos и Kairos

АНТИЧКИОТ ИДЕАЛ НА ΚΑΛΟΚΑΓΑΘIΑ

Зборникот на трудови од научниот симпозиум АНТИЧКИОТ ИДЕАЛ НА ΚΑΛΟΚΑΓΑΘIΑ е резултат од Симпозиумот кој се одржа на
12. март 2014 година. Симпозиумот беше организиран од Здружението на класични филолози „Антика“ и Филозофското друштво на Македонија.

Зборникот можете да го најдете во библиотеката на Институтот за класични студии или да ја преземете електронска верзија на следниот линк:
Античкиот идеал на ΚΑΛΟΚΑΓΑΘIΑ.