МАКЕДОНСКА ФИЛОЗОФСКА ОЛИМПИЈАДА 2026

Минатата сабота (28 март) на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ по петти пат се одржа македонскиот натпревар за филозофската олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) во организација на Филозофското друштво на Македонија. На натпреварот зедоа учество 11 ученици од 7 гимназии (5 градови) од земјава, односно од следните гимназии: СОУ „Кочо Рацин“ – Велес, СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, СУГС „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, СУГС „Никола Карев“ – Скопје, СУГС „Орце Николов“ – Скопје, СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип и ПСУ „Јахја Кемал“ – Тетово. Натпреварот се одржа во склад со пропозициите на IPO, односно анонимно пишување есеј на непозната тема (со избор од три понудени) на англиски јазик во времетраење од 4 часа. Компетентна петчлена Комисија ги прегледа и оцени есеите и, според нивната одлука, првите две места ги освоија: Васја Мицковски од СУГС „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ и Дарио Постоловски од СУГС „Јосип Броз – Тито“ – Скопје, ментор: Тања Младеновска. Овие ученици ќе учествуваат на 34. Интернационална филозофска олимпијада во Варшава, Полска (14-17 мај).

Честитки до сите учесници и успех на нашите ученици во Варшава!

 

You may also like...