Победници на државниот натпревар по Филозофија

Филозофското друштво на Македонија по петти пат спроведе акредитирани натпревари по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование. Во периодот јануари-март Друштвото во соработка со колегите наставници од средните училишта ги реализира натпреварите на две нивоа: општинско и државно.

На Државниот натпревар, којшто се одржа на 9 март на Филозофскиот факултет во Скопје, учествуваа 34 ученици од 12 училишта од 10 градови од земјата. На годинешниот натпревар најдобро пласирани беа следните ученици.

Трето место:

  • Љубица Жежова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • Соња Дончова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева);

 

Второ место:

  • Мелани Иванова (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),

 

Прво место:

  • Андреа Јовановска (СОУ „ Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ментор: Даниела Гражданлиева),
  • Марија Пенкова (СОУ „ Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ментор: Даниела Гражданлиева).

 

Сите ученици, учесници на Државниот натпревар добија сертификати за учество, додека првопласираните ученици ќе добијат и пригодни награди во форма на книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје на специјален настан што ќе се организира кон крајот на месец мај.

Честитки до сите ученици и ментори што учествуваа на натпреварите, а посебно на најдобро рангираните.

 

 

You may also like...