Повик за учество на Симпозиум

Како централен дел од 20. јубилејно одбележување на Светскиот ден на филозофијата, Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија организираат симпозиум на тема: АДАМ СМИТ: 300 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО.

Симпозиумот е предвидено да се одржи на 16 ноември 2023 година на Филозофскиот факултет во Скопје. Заинтересираните колеги кон своите пријави (апстракти) треба да ги назначат целосното име, афилијацијата и електронската адреса за контакт на авторот.

Насловот и апстрактот (максимум 300 зборови) на изложувањата треба да бидат доставени на адресата: macedonian.philosophy@gmail.com најдоцна до 15 октомври 2023 година.
Известување за прифаќање на апстрактите ќе биде пратено до 1 ноември 2023 година.

You may also like...