Излезе од печат 31. издание на списанието „Филозофска трибина“

Известуваме за излегувањето од печат на 31. број од списанието „Филозофска трибина“, односно неговото прво овогодишно издание.

Тема на бројот и стожерен дел на оваа „Трибина“ е: „Филозофската мисла во Македонија“ во којшто се наоѓаат 10 статии, од кои повеќето првпат презентирани на истоимениот минатогодишен симпозиум во рамките на 18. чествување на Светскиот ден на филозофијата. Во ова издание се поместени и уште два авторски текстови и по еден текст во рубриките Студентски форум и Средношколски форум. И на крај, во рубриката Филозофски живот можат да се најдат неколку прилози.

Повеќе информации, односно целосната содржина, можете да ја најдете на: Филоофска трибина бр. 31
Примероци од списанието наскоро ќе можат да се најдат во Книжарница Или Или, Култура – Во светот на книгите и Буква / Bookva, по цена од 150 ден. по примерок.

You may also like...