Одбележување на светскиот ден на филозофијата

Утре, 18 ноември (четврток),на Zoom – дигиталната платформа (линк: https://us06web.zoom.us/j/85161432928…) со почеток во 10:00 часот ќе се одбележи Светскиот ден на филозофијата. Институтот за филозофија (Филозофија Фзф УКиМ) при Филозофскиот факултет (Филозофски факултет – Скопје) и Филозофското друштво на Македонија тоа го прават веќе по 18. пат, односно откога тој ден е востановен од УНЕСКО во 2004 година.

Годинава, главен белег на чествувањето ќе му даде симпозиумот на тема ФИЛОЗОФСКАТА МИСЛА ВО МАКЕДОНИЈА, на кој ќе земат учество единаесет (11) реномирани филозофи, професори и истражувачи. Повод за темата е 75 години постоење на Институтот за филозофија (настава на македонски јазик) и 65 години од основањето на Филозофското друштво на Македонија. Целата програма од настанот можете да ја најдете на следниот линк Програма како и апстрактите од излагањата од симпозиумот

Освен преку Zoom – платформата, настанот ќе биде пренесуван во живо (како live streaming) на ФБ-страниците на Филозофскиот факултет во Скопје, Институтот за филозофија и Филозофското друштво на Македонија.

You may also like...