Видео и фотографии од доделувањето
на нагрaдата „Константин Философ“,
Филозофска книга на годината (2023)

На 11 март 2024 г. Во Салата за седници на Филозофскиот факулет – Скопје, во рамките на одбележувањето на Денот на Филозофското друштво на Македонија, се одржа свечено доделување на наградата „Константин Философ“за Филозофска книга на годината за 2023 година.

Наградата беше доделена на двотомниот речник „Македонска научна и стручна терминологија – ФИЛОЗОФИЈА“, односно на неговите подготвувачи:
проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Иван Џепароски.
Одлуката за доделување на наградата ја донесе Комисија во состав:
проф. д-р Мирко Ѓошевски (претседател), проф. д-р Денко Скаловски и
проф. д-р Сузана Симоновска (членови), коишто во едно и ја врачија наградата.

You may also like...