ХФФ Дискусија на тема:
Mores bonos (Добри обичаи)

Информираме за продолжувањето на форум дискусиите под наслов Христијански философски форум. Потсетуваме дека во организација на Филозофското друштво на Македонија (ФДМ) во 2017 и 2018 година се одржаа неколку дискусии (видео-записите од нив можете да ги најдете на YouTube каналот на Друштвото).

Претстојните дискусии се во организација на Фондацијата за унапредување и поддршка на науката, истражувањето, образованието, уметноста, духовноста и културата „Свети Фотиј Велики“ – Скопје, додека ФДМ е во улога на коорганизатор. До крајот на годината се предвидени неколку дискусии и тие ќе се одржат во онлајн формат со пренос во живо на ФБ-страницата на Форумот.

Вечерва со почеток во 19 ч. ќе се одржи првата форум дискусија на која гости на домаќините: д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (професор на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ – Скопје) и д-р Ристо Солунчев (професор на Филозофскиот факултет, УКИМ – Скопје), ќе бидат пастор д-р Коста Милков (директор на Балканскиот Институт за вера и култура) и м-р отец Ивица Тодоров.

Тема на дискусија ќе биде Mores bonos (Добри обичаи), односно ќе се разговара за моралот и вредностите во контекст на преданието и модерноста.

Дискусијата ќе се стримува на ФБ-страницата на Форумот:
Христијански Философски Форум / Christian Philosophical Forum

You may also like...