Промоција на терминолошкиот речник ФИЛОЗОФИЈА

Информираме за промоцијата на терминолошкиот речник ФИЛОЗОФИЈА. Речникот е дел од макропроектот „Македонска научна и стручна терминологија“ на Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ на МАНУ. Двотомниот лексикографски речник ФИЛОЗОФИЈА го подготвија проф. д-р Ана Димишковска и проф. д-р Иван Џепароски од Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје. На промоцијата што ќе се одржи на 14 јуни (среда, 12 ч., Амфитеатар МАНУ) пригодно ќе се обратат: претседателот на МАНУ, акад. Љупчо Коцарев, раководителот на макропроектот, акад. Витомир Митевски и двајцата подготвувачи на речникот.

 

 

You may also like...