Доделување награди
за средношколски натпревари, 2023

На 31 мај во Кинотеката на С. Македонија се одржа свечен настан на кој беа доделени наградите од годинешниот циклус натпревари за средношколските ученици што ги организира Филозофското друштво на Македонија. На настанот беа наградени најдобрите ученици од Државниот натпревар по филозофија, од македонскиот натпревар за Филозофската олимпијада, како и оние за Најдобар фил(м)ософски есеј во рамките на сегментот Средношколска видео лектира, дел од Едукативната програма на 13. Филозофски филмски фестивал.

 

1) Најдобар фил(м)ософски есеј, Средношколска видео лектира

Годинава овој сегмент се одржа во соработка и со поддршка на Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Филм којшто беше предлошка за пишување на есеите на тема: „Детската игра, фантазијата и соочувањето со конечноста на животот“ беше шпанскиот класик „Духот на улиштето“ (El espiritu de la colmena / The Spirit of the Beehive, 1976) на Виктор Ерисе. Тричлена стручна комисија ги награди есеите на следните ученици:

  • Прво место: ТЕОДОРА ЛАЗЕСКА (ОСУ „Климент Охридски“ – Охрид,
    ментор: Јане Богоески)
  • Второ место: ЈОВАНА МЕЧЕВА (СОУ „Св.Кирил и Методиј“ – Неготино,
    ментор: Даниела Гражданлиева),
  • Трето место: БЛАГОЈА ПАНОВ (СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија,
    ментор: Снежана Арџанлиева Танева).

Наградите се состоеја од книги, списанија и хонорари од Филозофското друштво на Македонија, книги од издавачката куќа „Аз-буки“, македонски филмови од Кинотеката на С. Македонија, стипендии од Универзитетот „Еуропа Прима“ и комплети книги и курсеви по шпански јазик од Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје. Првонаградениот есеј ќе биде објавен во списанието „Филозофска трибина“ во издание на Филозофското друштво на Македонија.

На настанот наградите беа доделени во присуство и со учество на Амбасадорот на Кралството Шпанија во Скопје, Н.Е. Хозе Луис Лозано Гарсија.

 

2) Македонски натпревар за Филозофската олимпијада

Годинава овој натпревар се одржа на 1 април во Скопје со учество на 13 ученици
од 8 гимназии (6 градови) од земјава. Според пропозициите на Меѓународната филозофска олимпијада (IPO) натпреварот се состои во пишување есеј на претходно непозната тема на еден светски јазик во времетраење од 4 часа. Петчлена стручна Комисија по анонимното оценување на есеите ги награди двата прворангирани ученици:

  • Прво место: ТЕОДОРА ТИКВЕШАНСКА (СУГС „Орце Николов“ – Скопје,
    ментор: Јулијана Јолевска) и
  • Второ место: ДИМИТАР ЏАМБАЗОВ (СУГС „Орце Николов“ – Скопје,
    ментор: Владимир Ѓуровиќ).

Тие заедно со нивните ментори веќе учествуваа на Филозофската олимпијада којашто годинава се одржа во Олимпија, Грција (11-14 мај) и постигнаа забележителен успех.

На настанот во Кинотеката учениците добија комплети книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје.

 

3) Државен натпревар по филозофија

Оваа година по четврти пат се одржаа акредитирани натпревари по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование. Во периодот февруари-март Друштвото во соработка со колегите наставници од средните училишта ги спроведе натпреварите на три нивоа: општинско, регионално и државно. На Државниот натпревар, којшто се одржа на 11 март на Филозофскиот факултет во Скопје, зедоа учество најдобро рангираните 25 ученици од Регионалните натпревари, односно ученици од 11 училишта од 10 градови од Републиката. На годинешниот натпревар најдобро пласирани беа следните ученици.

Прво место:

  • МАКРИНА ЈОРДАНОВА (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • ИВАН ЗАФИРОВ (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • ТЕОДОРА ЛАЗЕСКА (ОСУ „Климент Охридски“ – Охрид, ментор: Јане Богоески), и
  • БОЖИЦА ЈАКИМОВА (СОУ „Богданци“ – Богданци, ментор: Ристо Живковиќ).

Второ место:

  • ТАМАРА БЕРКОВА (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • КОРНЕЛИЈА ЗАРКОВА (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • ТЕА РУСЕВСКА (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • КОНСТАНТИН ПАНЕВ (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева), и
  • НИКОЛА ДИМЧЕВ (СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино,
    ментор: Даниела Гражданлиева).

Трето место:

  • ТАМАРА ЗДРАВКОВА (СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип, ментор: Данка Јовева),
  • ЈОВАНА МЕЧЕВА (СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ментор: Даниела Гражданлиева), и
  • АНДРЕЈ ЃОРЃИЕВСКИ (СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска Чуркоска).

Првопласираните ученици добија пригодни награди во форма на
книги, списанија и зборници од Филозофското друштво на Македонија и Филозофскиот факултет во Скопје.

На настанот наградите беа доделени во присуство и со учество  на раководителката на Иститутот за филозофија, проф. д-р Ана Димишковска.

 

You may also like...