ФДМ АКТИВНОСТИ ВО 2022 ГОДИНА

Крајот на годината е период кога се сумира сработеното во изминатата година. Филозофското друштво на Македонија и во 2022 година успеа да одржи солидна програмска кондиција со низа на активности. Накратко:
- одбележување на Светскиот ден на логиката (14 јануари), заедно со Институтот за филозофија, првпат кај нас;
- организирање (по четврти пат) на Натпревари по филозофија за учениците од
IV година средно образование, како и за првпат македонски натпревар за Филозофската олимпијада со наш учесник на неа (Лисабон, 26-29 мај); - иницирање на циклус онлајн предавање „Алумни“ (со два настана во текот на годината), заедно со Институтот за филозофија;
- успешна организација на 12. Филозофски филмски фестивал (1-9 јуни, Главна програма), најголема културна манифестација на Друштвото;
- организирање на 7. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“
(5-7 октомври), заедно со МАНУ, МСУ „Г.Р. Державин“ и Филозофски факултет – Скопје; - коорганизирање на Христијанскиот философски форум II;
- продолжување на формата предавања „Филозофски истражувања“;
- Одбележување на Светскиот ден на филзоофијата (17-18 ноември), заедно со Институтот за филозофија;
- учество на Друштвото со свои претставници на конференции што ги организираат меѓународни институции со коишто ФДМ има воспоставено академска соработка;
- изработена и ставена во функција веб-страница на Друштвото (https://fdm.mk/);
- излезени од печат четири броја од списанието „Филозофска трибина“ (27. и 28. од 2020 и 31. и 32. од 2022 година), како и зборникот „Philosohy and Film“, дел од едицијата „Филмософија“;
- добиен двегодишен Еразмус+ проект: „Philosophy with Children for Wider Social Inclusion – SOPHIE“.
Повеќе детали за сите овие активности можете да најдете на следниот линк: Програмски активности на ФДМ 2022
На сите наши соработници, пријатели, колеги, творечки луѓе, научници, студенти и воопшто на сите добронамерници им посакуваме непоколебливо здравје, духовна ведрина и високи творечки дострели и во претстојната 2023 година.