Стивен Фридман дел од настаните на КИЦ – Битола

Оваа недела Културниот информативен центар од Битола во склоп на својата Културна агенда ја најави и несекојдневната театарска претстава PHALARIS BULL: SOLVING THE RIDDLE OF THE GREAT BIG WORLD на режисерот Стивен Фридман / Steven Friedman (САД). Претставата е увид во филозофската потрага на режисерот по вечното прашање „како да ја екстрахира убавината од болката…“ (The New Yorker).
Претставата ќе се изведе на 23 февруари 2023 (четврток) | 20:30 ч., во Свечената сала на Офицерскиот дом – Битола.
Повеќе информации за настанот може да најдете на официјалната ФБ страница Културен и информативен центар – Битола и официјалниот веб-сајт
https://kicbitola.mk/. Културната агенда за тековната недела може да ја најдете тука.
————————–
Стивен Фридман е научник, филозоф, уметник и изведувач. По завршувањето на студиите по Филозофија на Харвард, Фридман ги започнува докторските студии по молекуларна биологија на UCLA. Досега има напишано повеќе од 200 филозофски трудови; шест збирки лирска поезија и претставата A Passion of the Mind (1980),
а како уметник има изложени дела во Роберт Берман галеријата во Лос Анџелес од 1999 година.