ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 80 ГОДИНИ ИНСТИТУТ ЗА ФИЛОЗОФИЈА
Информираме за одбележувањето 80 години на Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје, дејност на македонски јазик. Јубилејната програма предвидува настани во периодот 14-16 септември. Најпрвин, на 14 септември (понеделник, 18 ч.) во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се одржи свечениот дел, во кој меѓу останатото ќе биде промовирана монографијата „80 години Институт за филозофија – 80 години развој на филозофската мисла на македонски јазик“ од Јасмина Поповска (промотори: проф. д-р Ристо Солунчев и проф. д-р Борче Илиевски).
На 15 и 16 септември (вторник и среда, со почеток во 9:30 ч.), на Филозофскиот факултет во Скопје, ќе се одржи меѓународната конференција „Филозофијата и стварноста“, со учество на колеги од земјата и од странство и со пленарни предавања на Стивен Прист (Обединето кралство), Стелиос Вирвидакис (Грција), Олга Маркич (Словенија) и Кармен Велајос Кастело (Шпанија). Програмата за двата дена предвидува 11 сесии и партиципација на повеќе од шеесеттина учесници.
За време на двата конференциски дена, во Естетичката лабораторија ќе биде отворена изложбата „Естетичката лабораторија: фрагменти од една историја“.
На следниот линк можете да пристапите до целосната и детална програма: https://drive.google.com/file/d/1qtMBFf20kXNC-pCBm8hHnpeMyA0Hpshv/view, додека овде и до Книгата на апстракти: https://drive.google.com/file/d/1nzva1_lEX2AR3GP3JfG3yinVHweZvMmT/view



