„Шчо напраивме“ минатата година

На почетокот на годината да се потсетиме „шчо напраивме“ минатата година. Сумативно:

  • второ одбележување на Светскиот ден на логиката (14 јануари, заедно со Институтот за филозофија);
  • организирање (по петти пат) на Натпревари по филозофија за учениците од IV година средно образование, како и за вторпат македонски натпревар за Филозофската олимпијада со наши учесници на неа (Олимпија, Грција, 11-14 мај), забележителен успех на нашите ученици;
  • промоции на четири број на „Филозофска трибина“;
  • организација на Втората (биенална,онлајн) меѓународна конференција „Филозофија и филм“ (дел од 13. Филозофски филмски фестивал, со 21 изложувања во 6 сесии, учесници од 18 земји);
  • успешна реализација на 13. Филозофски филмски фестивал (2-9 јуни, Главна програма), најголема културна манифестација на Друштвото (специјален гостин, добитникот на Венеција, Кшиштоф Зануси и за првпат македонска премиера на отварањето на Фестивалот со филм на Иво Трајков);
  • продолжување на циклусот предавања „Алумни“ (заедно со Институтот за филозофија), како и на други предавања;
  • Доделување за првпат на ново востановената награда на Друштвото, „Константин Философ“;
  • 20. Одбележување на Светскиот ден на филoзофијата (16 ноември, заедно со Институтот за филозофија);
  • Организирање на 8. Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“ (6-7 декември, онлајн, заедно со МАНУ, МСУ – Свети Николе и Филозофски факултет – Скопје);
  • коорганизирање на Научниот собир „80 години од Холокаустот на македонските Евреи“ (26 декември, заедно со ЦСИ „Ксенте Богоев“ МАНУ, Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот за Холокаустот на Евреите од Македонија);
  • излезени од печат два броја од списанието „Филозофска трибина“ (33. и 34.), како и на публикацијата „Манчевски: пет есеи“, дел од едицијата „Филмософија“;
  • прва година од имплементацијата на двегодишниот Еразмус+ проект: „Philosophy with Children for Wider Social Inclusion – SOPHIE“ (заедно со Филозофскиот факултет од Скопје, Националниот и кападистриски универзитет од Атина, Грција и Филозофското друштво на Словенија).

Повеќе детали за сите овие активности можете да најдете на следниот линк: Programski aktivnosti, FDM 2023

You may also like...