Победници
на филозофската Олимпијада 2024

На 30 март во просториите на СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ се одржа третиот македонски натпревар за филозофската олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) во организација на Филозофското друштво на Македонија. На натпреварот учествуваа 12 ученици од 8 гимназии (6 градови) од земјава, односно од следните гиманзии: СУГС „Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар,  СОУ „Ѓорче Петров“ –
Крива Паланка, СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, СУГС „Никола Карев“ – Скопје, СУГС „Орце Николов“ – Скопје, ПСУ „Јахја Кемал“ – Струга, СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, СОУ „Славчо Стојменски – Штип“. Како што налагаат пропозициите на IPO, натпреварот се состоеше во пишување есеј на претходно непозната тема (со избор од три понудени теми) на еден светски јазик (англиски јазик) во времетраење од 4 часа. Петчлена стручна Комисија составена од универзитетски професори и доктори на филозофски науки ги прегледа и оцени есеите. Според одлуката на Комисијата, со право на учество на Меѓународниот натпревар на филозофската олимпијада во Хелсинки, Финска (16-19 мај) се здобија учениците што ги освоија првите две места:

  • Елена Јорданова од СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино, ментор: Даниела Гражданлиева и
  • Симона Чавкоска од СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга, ментор: Дијана Милеска Чуркоска.

Со благодарност за интересот и покажаните резултати, на сите ученици, учесници на натпреварот им посакуваме успех во академската кариера, а на учениците што ќе учествуваат на Меѓународниот натпревар на филозофската олимпијада во Хелсинки и достојно претставување на нашата држава.

 

You may also like...