Натпревари по ФИЛОЗОФИЈА 2023

Оваа година Филозофското друштво на Македонија по четврти пат ќе организира акредитирани натпревари по ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV година средно образование. Натпреварите се на три нивоа: општинско, регионално и државно и ќе се одвиваат во периодот од 1 февруари до 11 март 2023 година. Дополнително, на 1 април ќе се одржи и македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad), којшто оваа година ќе се одржи од 11-14 мај 2023 год. во Грција и на кој ќе земат учество двата најдобро пласирани ученици на овој натпревар.
Подолу како прилози се приложени линкови до сите релевантни документи и информации за натпреварот по ФИЛОЗОФИЈА.
Ни претставува чест да ги повикаме сите заинтересирани средношколски наставници што го предаваат предметот ФИЛОЗОФИЈА заедно со своите ученици да земат активно учество на овие натпревари.
- КОНКУРС за организирање натпревари по предметот ФИЛОЗОФИЈА,
- АКРЕДИТАЦИЈА,
- УПАТСТВО за организирање на натпреварот по филозофија,
- ИНФОРМАЦИИ за НАТПРЕВАРИТЕ ПО ФИЛОЗОФИЈА 2023 (IV год. средно образование)
- ПРИЈАВА.