Повик за Втората меѓународна конференција „Филозофија и филм“

Филозофското друштво на Македонија и тимот на Филозофскиот филмски фестивал објавуваат Повик за учество на Втората меѓународна конференција „Филозофија и филм“ којашто годинава ќе се одржи онлајн, на 25 и 26 мај, непосредно пред Главната програма на 13. издание на Филозофскиот филмски фестивал (2-9 јуни).

Ги покануваме сите заинтересирани учесници да испратат кратко резиме (и/или видео-есеј) на contact@philosophicalfilmfestival.mk најдоцна до 1 мај 2023 година. Повикот за конференцијата и сите релевантни информации може да се најдат во приложениот документ.

Ги очекуваме вашите идеи и концепти со нетрпение и возбуда!

 

You may also like...