XXXII Меѓународна филозофска олимпијада

Во периодот 16-19 мај во главниот град на Финска, Хелсинки, се одржа 32-та Меѓународна филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO). На неа зедоа учество 110 учесници од 52 држави, меѓу кои и двете ученички, победнички на претходно одржаниот македонски натпревар, Елена Јорданова (СОУ „Св. Кирил и Методиј“ – Неготино) и Симона Чавковска (СОУ „Д-р Ибрахим Темо“ – Струга). Во македонскиот тим во Хелсинки беа и  наставниците/ментори на ученичките, Даниела Гражданлиева и Дијана Милеска – Чуркоска. Ова е трета година како во организација на Филозофското друштво на Македонија наши ученици учествуваат на овој престижен натпревар и воопшто исклучителен собир на нашата фела. Честитки до ученичките и менторките за достојното претставување на нашата земја и професија.

 

You may also like...