19. Одбележување на Светскиот ден на филозофијата

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по 19. пат го одбележаа Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, традиционално се одбележува третиот четврток од месец ноември и се слави низ целиот свет, потенцирајќи ги вредноста и придобивките на филозофијата.

Годинава, централен академски дел на чевствувањето беше дводневниот симпозиум на тема СОВРЕМЕНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ НА ФИЛОЗОФИЈАТА И/НА НАУКАТА во којшто во три блок сесии учествуваат дванаесет (12) истакнати филозофи, научници, професори и истражувачи од земјата и странство (редоследно): проф. д-р Мирко Ѓошевски, проф. Љубомир Гајдов,
проф. д-р Радомир Виденовиќ, д-р Бошко Караџов, д-р Мартин Поповски,
проф. д-р Ана Димишковска, проф. д-р Сенка Анастасова, м-р Игор Поп Трајков,
проф. д-р Цане Мојаноски, доц. д-р Слободан Марковиќ,
докторанд Данка Јовева и д-р Симо Георгиев.

Манифестацијата по шести пат беше отворена со Мал концерт на студенти од Факултетот за музичка уметност, односно квартет гитари од класата на проф. м-р Дарко Багески. Во свечениот дел пригодно обраќање за смислата на филозофијата имаше нашиот колега, филозоф, Ернесто Хередеро дел Кампо (Заменик шеф на мисија и Аташе за култура на Кралството Шпанија во Скопје).

Вториот ден се одржаа и промоции на неколку филозофски публикации, односно беа промовирани: списанието „Филозофска трибина“, броевите 27. и 28. (издавач: Филозофско друштво на Македонија, 2020; промотор: проф. д-р Мирко Ѓошевски), зборникот на текстови „Логос и Тропос“ (издавач: Филозофски факултет, 2020; промотор: вонр. проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ) и студијата „Естетика: естетички категории“ од проф. д-р Иван Џепароски (издавач: Аз-Буки, 2020; промотор: вонр. проф. д-р Вангел Ноневски).

Втората сесија од симпозиумот (17 ноември, четврток, 15:30-17:30 ч.) можеше да се следи и преку Zoom-платформата.

[sgdg path=”Sliki za website/Светски ден на филозофијата/19. Светски ден на филозофија (2022)/galerija”]