Светски ден на логиката 2023

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија годинава по вторпат пригодно го одбележуваат Светскиот ден на логиката. По тој повод се организира онлајн предавање на тема: DIRECTIVAL THEORY OF MEANING со Радмила Јовановиќ Козловски.

 

Д-р Радмила Јовановиќ Козловски е доцент на Одделението за филозофија на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Белград. Магистрира на Универзитетот Шарл де Гол –
Лил 3 во Лил, Франција, а докторира во рамките на заедничката програма за докторски студии на Универзитетите во Лил и во Белград. Нејзините филозофски истражувања се однесуваат на областите на историјата на филозофијата, метафизиката, филозофијата на јазикот, логиката и филозофијата на математиката. Член е на меѓународната интеруниверзитетска мрежа OFFRES (Франкофонска организација за европско образование и истражување во хуманистичките науки), како и на редакцијата на списанието Theoria, во издание на Српското филозофско друштво. Авторка е на книгата Hintikka’s Take on Realism and the Constructivist Challenge (2015).

 

Светскиот ден на логиката е востановен од УНЕСКО и од Меѓународниот совет
за филозофија и хуманистички науки (International Council for Philosophy and Human Sciences) и започнува да се одбележува на 14 јануари 2019 година. Идејата е подигнување на свесноста за значењето на логиката, како една од темелните филозофски дисциплини за развојот на човековите знаења во сите области и
за унапредување на културата на дијалогот и заемното разбирање.

 

Настанот ќе се одржи на 14 јануари (сабота) со почеток во 12 часот и ќе може да
се проследи преку Zoom – онлајн платформата на следниот линк:
https://us06web.zoom.us/j/88191836040?pwd=Y0JoMnYzODVKajRCbTMrS1p3UENudz09

You may also like...