Повик за учество на симпозиум на
19. Светски ден на филозофијата

Во рамките на одбележувањето на 19. Светски ден на филозофијата
Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија организираат симпозиум на тема: „Современите предизвици на филозофијата и/на науката“. Кон темата се приложени и следните поттеми:

  • Современата наука и филозофските дисциплини (онтологија, теорија на познание, логика, етика, антропологија…);
  • Балансот помеѓу филозофичноста и научноста во современата филозофија на науката;
  • Прашања, проблеми и предизвици во современата филозофија на науката
    (онтолошко-епистемолошките основи на науката и научното познание, научно заклучување, научно оправдување/научно објаснување, промени и прогрес во науката, проблем на демаркација…);
  • Односот на современата филозофија, филозофијата на науката и науката со сопствената историја;
  • Филозофијата и посебните науки (физика, хемија, математика, биологија, медицина, психологија, социологија, историја…);
  • Социјалните, политичките и економските аспекти на современата наука;
  • Развојот на науката и проблемите на современиот свет (климатски промени, животна средина, одржлив развој, енергија, храна, вода…);
  • Современата наука и филозофија и научната фантастика (утопии, дистопии);

Се разбира, предложените поттеми не ја исцрпуваат сета валидна тематизација на предложениот наслов, па затоа се добродојдени и други релевантни излагања.

Во прилог на апстрактите треба да биде назначено целосното име, афилијацијата и електронската адреса за контакт на авторот. Симпозиумот ќе се одржи на
17 ноември 2022 година на Филозофскиот факултет во Скопје.

Насловот и апстрактот (максимум 300 зборови) на изложувањата треба да бидат доставени на адресата: macedonian.philosophy@gmail.com најдоцна до
15 октомври 2022 година.

Известување за прифаќање на апстрактите ќе биде пратено до 1 ноември 2022 година.

You may also like...