Средношколска видео лектира!

Филозофски филмски фестивал ги поканува средношколците на проекција на видео лектира: „Али: Стравот ја јаде душата“ на Рајнер Вендерс Фасбиндер. На 9. април (вторник), 17:30 часот во Кино Фросина во МКЦ, Скопје.

Во однос на филмот, објавуваме конкурс за есеј на тема: Стравот, предрасудите и сликата за другиот: како да го пронаjдеме човечкото во себеси?

Есеите инспирирани од видео лектирата не смеат да бидат подолги од 10.000 карактери и треба да бидат испратени во MS Word фајл со македонска поддршка до 5 мај 2024 на следнава електронска адреса: svl@philosophicalfilmfestival.mk.

Доколку се служите со цитати во рамките на текстот, потребно е целосно и доследно да се спроведува избраниот модел. По доставувањето на есеите, трочлено стручно жири ќе ги разгледа трудовите и трите најдобри ќе добијат награди.

Наградите се состојат во: три едногодишни стипендии од Универзитетот ЕУРОПА ПРИМА, пригодни награди од Гете Институт – Скопје, парични награди (6.000, 3.000 и 1.500 ден. соодветно за тројцата првонаградени), комплет филозофски списанија Филозофска трибина, филозофска литература од издавачката куќа „Аз-Буки“, подароци од Кинотеката на С. Македонија, а првонаградениот текст ќе биде објавен и во националното списание за филозофија Филозофска трибина. Доделувањето на наградите ќе се случи на специјален настан пред почетокот на Главната програма на Фестивалот во Скопје (крај на мај 2024, Кинотека на С. Македонија).

🎉 Со нетрпение ве очекуваме!

 

You may also like...