Едукативната програма на
12. Филозофски Филмски Фестивал

Филозофското друштво на Македонија во рамките на Едукативната програма на 12. Филозофски Филмски Фестивал (ФФФ), по четврти пат организира работилници од областа на филозофија со деца. Филозофија со деца е дисциплина којашто во светски рамки забрзано се развива последните години (во голема мера и под покровителство на УНЕСКО) и е отелотворување на напорите за развој на критичкото и креативното мислење кај децата уште во „првата филозофска доба“, т.е. кога отвореноста и љубопитноста кон светот е најсилна.
Ни претставува особено задоволство да Ве поканиме на предавањата и работилниците на професорот Томас Е. Вартенберг, пионер и водечки авторитет во областа на филозофија со деца. Настаните ќе се одржат на онлајн платформата ZOOM, на англиски јазик.
ТОМАС Е. ВАРТЕНБЕРГ е професор емеритус по филозофија на колеџот Маунт Холиоки во САД. Неговите главни области на интерес се естетиката, филозофија на филм и филозофија за деца. Негови позначајни публикации се „Големи идеи за мали деца: предавање филозофија преку детска литература“, „A Sneetch is a Sneetch и други филозофски откритија: наоѓање мудрост во литературата за деца, „Размислување на екранот: Филмот како филозофија“ и, од неодамна, „Размислување преку приказни: деца, филозофија и сликовници“. Тој е добитник на наградата APA/PDC за извонредност и иновации во филозофските програми за 2011 година и ја доби Мерит наградата (Merritt Prize) за 2013 година за неговиот придонес во филозофијата на образованието.
26 мај (четврток)
🔸18:00 – 19:00 часот
ОНЛАЈН ПРЕДАВАЊЕ
Zoom платформа
Отворено предавање од областа на филозофијата со деца, со фокус на методологијата на проф. д-р Вартенберг, еден од пионерите во светот во оваа област, како и неговата работа на философијата со деца преку филм (http://whatsthebigideaprogram.com).
Предавањето ќе се одржи на англиски јазик.
🔸20:00 – 21:00 часот
ОНЛАЈН РАБОТИЛНИЦА
Zoom платформа
Работилницата е наменета за наставници и друг образовен кадар, студенти, но и родители заинтересирани за развојот на критичката рефлексија и креативната мисла кај децата уште од најрана возраст, на линија на препораките на УНЕСКО. На Работилницата ќе можат да присуствуваат најмногу 15 учесници.
Работилницата ќе се одвива на англиски јазик.