Промоција на две „Филозофска трибина“
(број 29. и 30.)

Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет организираат промоција на двете „Филозофски трибини“ (29. & 30.) од 2021 година. Промоцијата ќе се одржи на 17 февруари (петок), во Свечената сала на Филозофскиот факултет, со почеток во 12 ч.
Пригодна промотивна реч за списанијата ќе одржи проф. д-р Ѓорѓе Младеновски.

Во „Филозофска трибина 29“ се поместени 11 авторски текстови на тема ПРОМИСЛУВАЊЕ НА ПАНДЕМИИТЕ, пригоден комеморативен текст за д-р Георги Старделов (1930–2021) од страна на проф. Џепароски, како и целокупната Библиографија на починатиот академик.

„Филозофска трибина 30“ ја сочинуваат 8 авторски текстови на различни релевантни философски теми, еден превод, 3 текстови во рубриката Студентски форум, еден средношколски тескт, приказ на книга,
комеморативен текст за д-р  Владимир Давчев (1962–2021) и дел од Библиогафијата на починатиот професор.

Содржините на двата броја може да ги најдете на следните линкови:

Содржина бр. 29
Содржина бр. 30

Двете изданија беа поддржани од страна на Министерството за култура и можат да се најдат во Книжарница Или Или, Култура – Во светот на книгите и Буква.

You may also like...