V-та Меѓународна недела на Филозофскиот факултет – Скопје

Во рамките на V-та Меѓународна недела на Филозофскиот факултет – Скопје, што ќе се одржат од 20. до 23. февруари во амфитеатарот бр. 3 (Голем амфитеaтар), студентите и љубители на умниот збор и мудрата мисла, ќе имаат можност да ги проследиат излагањата и дискусиите на професори од Израел, Словачка, Шпанија, Грција, Полска, Украина, Швајцарија, Бугарија, Словенија, Црна Гора, Турција, Италија, како и резултатите од меѓународните проекти во кои Факултетот е координатор или партнер.

Повеќе информации за настанот можете да најдете на Фејсбук страницата на Филозофскиот факултет, а целосната програма за настанот тука.

 

 

You may also like...