Четврта панел дискусија на ХФФ –
In deserto (Во пустината)

За денес (19 ч.) е предвидена четвртата панел дискусија од годинешната сезона на Христијанскиот философски форум.

Тема на дискусијата е In deserto (Во пустината), а гости на панелот ќе бидат: епископ Јаков Стобиски и д-р отец Добромир Димитров (асистент на Православниот богословски факултет при ВТУ „Св. Св. Кирил и Методиј“, Бугарија).

Домаќини на дискусијата се: д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (професор на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ – Скопје) и д-р Ристо Солунчев (професор на Филозофскиот факултет, УКИМ – Скопје).
На Форумот ќе се разговара за странствувањето и подвижништвото во контекст на монашкиот и семејниот живот, односно за прашања поврзани со: исихазмот како универзален принцип на животот во Христа, монашките завети и современиот живот, харизматското богословие во православната Црква итн.

Дискусиите ќе одат во живо на YouTube каналот на Форумот:

а, исто така, ќе се стримуваат на ФБ-страницата на Форумот:
Христијански Философски Форум / Christian Philosophical Forum

You may also like...