Признание на филозофскиот симпозиум Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“

Кон крајот на минатата година (24 декември) во Битола се одржа доделување на годишните награди на „Битолски весник“. Во областа „Високо образование“ му беше оддадено признание на филозофскиот симпозиум Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад“, односно на неговите организатори: Македонска академија на науките и уметностите (МАНУ), Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“, Филозофскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Филозофското друштво на Македонија.

Меѓународниот филозофски дијалог „Исток – Запад“ започна да се организира во 2015 година и се одржува во три македонски градови: Скопје, Битола и Охрид. Во досегашните шест негови изданија учествувале над сто истакнати филозофи, истражувачи и научници од петнесет земји (Србија, Грција, Албанија, Бугарија, БиХ, Хрватска, Словенија, Русија, Полска, САД, Велика Британија, Канада, Франција, Унгарија и Македонија).

You may also like...