Зануси, специјален гостин
на 13. ФФФ

Малкумина знаат дека, покрај студиите по режија на Филмската школа во Лоѓ, еден од бардовите на современата полска кинематографија, Кшиштоф Зануси, има студирано и филозофија на Јагелонскиот универзитет во Краков, а исто така и физика во Варшава. За тоа како ова спојување, оваа констелација од трите дисциплини, се поврзува во она што го знаеме како творештво на Зануси, прочитајте во интервјуто со Зануси на ФФФ објавено на philosophicalfilmfestival.mk

Зануси ќе биде специјален гостин на фестивалот со македонската премиера на „Совршен број“ (Perfect Number) на 8-ми јуни (четврток), 18.30 ч. во Кинотека на Северна Македонија. Со нетрпение ве очекуваме!

You may also like...