Македонска филозофска Олимпијада 2023

Информираме за одржаниот македонскиот натпревар за филозофската олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) во организација на Филозофското друштво на Македонија. Натпреварот се одржа на 1 април во просториите на СУГС „Орце Николов“ и на него учествуваа 13 ученици од 8 гимназии (6 градови) од земјава. Согласно пропозициите на IPO натпреварот се состоеше во пишување есеј на претходно непозната тема на еден светски јазик (во нашиот случај, англиски јазик) во времетраење од 4 часа. Петчлена стручна Комисија составена од универзитетски професори и доктори на филозофски науки ги прегледа и оцени есеите. Право на учество на Меѓународниот натпревар на филозофската олимпијада во Олимпија, Грција (11-14 мај) имаат двајцата прворангирани ученици. Годинава тоа се: Теодора Тиквешанска од СУГС „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Јулијана Јолевска и Димитар Џамбазов од СУГС „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ.

На сите ученици, учесници на натпреварот им посакуваме успех во академската кариера, а на учениците што ќе учествуваат на Меѓународниот натпревар на филозофската олимпијада во Олимпија и достојно претставување на нашата професија и држава.

 

You may also like...