XXXI Меѓународна филозофска Олимпијада
Информираме за учеството на нашите ученици на Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO) во Олимпија (Грција), во периодот 11-14 мај. На натпреварот учествуваа 103 ученици од 49 земји, а нашата земја ја претставуваа победниците на македонскиот натпревар: Теодора Тиквешанска и Димитар Џамбазов, и двајцата од СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје. Нашата делегација во Олимпија ја сочинуваа и наставниците/ментори на учениците: Јулијана Јолевска и Владимир Ѓуровиќ. Филозофското друштво на Македонија како организатор на македонскиот натпревар им честита на учениците за забележителниот успех на XXXI Меѓународна филозофска Олимпијада. Посебни честитки за Теодора Тиквешанска која доби Почесно признание за своето постигнување.