Втора меѓународна конференција „Филозофија и филм“

Втората меѓународна конференција „Филозофија и филм“ оваа година ќе се одржи во онлајн формат на 25 и 26 мај (14-20 ч.). На Конференцијата во 6 сесии ќе земат учество 24 реномирани истражувачи на конекцијата филозофија-филм од целиот свет (САД, Канада, Романија, Босна и Херцеговина, Шведска, Италија, Швајцарија, Турција, Шпанија, Велика Британија, Ирска, Португалија, Унгарија, Србија, Украина, Грција, Хрватска и Македонија). Кеynote говорници на Конференцијата ќе бидат светски познатите во ова подрачје на истражување, Дејвид Стерит (David Sterritt) и Луси Болтон (Lucy Bolton).

Конференцијата е интегрален дел на Филозофскиот филмски фестивал чијашто Главна програма на 13-тото издание ќе се одржи во периодот 2-9 јуни во Кинотеката на С. Македонија. Годинава Фестивалот во својот фокус го има Годар*, па соодветно на тоа и инаугуралната сесија е посветена токму на творештвото на овој филмски великан.

Конференцијата е биенална и за наредната година е планирано излегување на Зборник текстови од Конференцијата (по примерот на интернационалниот
Зборник кој произлезе од Првата меѓународна конференција во рамките на Фестивалот во 2021 година).

Работен јазик на Конференцијата е англискиот јазик.

Сите информации за конференцијата може да се најдат на: https://conference.philosophicalfilmfestival.mk/

Линкот за учество и следење на конференцијата е: https://us06web.zoom.us/j/85839400840…

 

Ве очекуваме,

You may also like...