Промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ на проф. д-р Иван Џепароски

Вечерва, во 19.19 часот, во салон Империјал 2 во Културно информативниот центар – Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Пандемија и постхуманизам“ од проф. д-р Иван Џепароски.
Книгата „Пандемија и постхуманизам“ (есеи) претставува едно од првите вакви дела кај нас во кое се анализираат прашањата поврзани со промените што се случуваат во нашата современост, и на глобален и на локален план. Пристапот кон овие актуелни прашања е од гледна точка на релациите помеѓу пандемијата на Ковид-19, од една страна, и на постхуманизмот и трансхуманизмот, од друга страна.
Книгата ќе ја промовираат Наташа Аврамовска и Мишел Павловски и ќе биде музички збогатена со настап на Билјана Петровска – пијано.

You may also like...