Форум “Philosophia Christiana”-
4. дискусија:
КОЈ ЈА ОДНЕСЕ ШЕГАТА?

Четвртата дискусија во рамите на Форумот за интердискурзивен дијалог “Philosophia Christiana” ќе се одржи во понеделник (11 декември, 19 ч.) во Библиотеката „Браќа Миладиновци“ – Скопје. Овојпат гости на Форумот се: проф. д-р Ненад Марковиќ од Правниот факултет (како говорник), и проф. д-р Владимир Петрушевски од Природно-математичкиот факултет и доц. д-р Бобан Карапејовски од Филолошкиот факултет (како соговорници). Тема на дискусијата е КОЈ ЈА ОДНЕСЕ ШЕГАТА за хуморот во контекст на политичката коректност.

Четвртата дискусија на Форумот за интердискурзивен дијалог „Philosophia Christiana“ ќе има за цел да го отвори прашањето за хуморот во контекст на минатите и современите културни дебати. При тоа, ќе се осврнеме на редица прашања, меѓу кои и следните: Што воопшто претставува хуморот? Што може да се смета за добар, а што за лош хумор? Што кога хуморот за некого е навредлив? Дали хуморот може да се ограничи, односно во одредени случаи и околности да се забрани? Дали хуморот му е согласен или му е спротивен на христијанскиот начин на живеење? Дали хуморот на Монти Пајтон сѐ уште соблазнува некого? Дали сите сме Шарли?

You may also like...