Конкурс за натпревари по Филозофија

Филозофското друштво на Македонија на 14 декември 2023 год. го објави Конкурсот за организирање натпревари по предметот ФИЛОЗОФИЈА за учениците од IV год. средно образование. Конкурсот е испратен до сите средни училишта во нашата земја и на него можат да учествуваат сите ученици во средните училишта што во IV год. го изучуваат предметот ФИЛОЗОФИЈА.

Натпреварите се организираат на три нивоа: општинско, регионално и државно. Општинските натпревари ќе се одржат во периодот 31 јануари – 3 февруари 2024 год., додека регионалните натпреври ќе се одржат во четири градови (Скопје, Велес, Тетово и Битола) на 24 февруари 2024 година. Државниот натпревар е предвиден за 9 март 2024 год., на Филозофскиот факултет во Скопје.

Македонскиот натпревар за Меѓународната филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, мај 2024 год., Финска) ќе се одржи на 30 март (сабота). Местото на одржување дополнително ќе биде утврдено.

Во продолжение сите потребни информации и документи за натпреварите:

Конкурс
Акредитација
Пријава

You may also like...