ФИЛОЗОФСКА ТРИБИНА 40

Неодамна излезе од печат есенскиот број на годинешната „Филозофска трибина“, односно нејзиното 40-то издание.

На почетокот на списанието се поместени два пригодни текста Ин мемориам, посветени на проф. д-р Денко Скаловски (1956-2026) и д-р Владимир Џидров (1968-2026), проследени со два текста од починатите колеги. Потоа следуваат: пет Авторски текстови на различни теми (од проф. д-р, дописен член на МАНУ, Иван Џепароски, доц. д-р Бошко Караџов, словенечката докторандка Тара Петернел, Борис Тасов и д-р Игор Поп Трајков); еден Превод на кинескиот философ Чжуанг Ци̌ од страна на д-р Игор Радев, на кој му претходат воведни белешки од доц. д-р Александар Стаматов; два текстови во рубриката Филозофско наследство (од Радомир Виденовиќ и Драган Јаковљевиќ); една статија во рубриката Есеи (од Данче Велов); еден есеј во рубриката Средношколски форум (од Андреа Кукушева); еден Приказ на списание (од проф. д-р Ристо Солунчев); Библиографијата на проф. Скаловски, и конечно, три прилога во рубриката Филозофски живот, меѓу кои и освртот кон 16. Филозофски филмски фестивал (од Андреј Лазаревски).

Целокупната содржина на списанието, можете да ја најдете на следниот линк: https://fdm.mk/filozofska-tribina-br-40/ 

Излегувањето на „Филозофска трибина“ е поддржано од страна на Министерството за култура и туризам и списанијата можат да се најдат во Книжарница Или Или, по цена од 150 ден. по примерок.

You may also like...