XXXIV Меѓународна филозофска Олимпијада
Во организација на Полското филозофско друштво и Филозофскиот факултет при Универзитетот во Варшава од 14-17 мај во Варшава (Полска) се одржа 34. Меѓународна филозофска олимпијада (International Philosophy Olympiad, IPO). На натпреварот учествуваа 120 ученици од 56 земји, а нашата земја ја претставуваа победниците на македонскиот натпревар: Васја Мицковски (СУГС Гимназија „Орце Николов“ – Скопје, ментор: Владимир Ѓуровиќ) и Дарио Постоловски (СУГС Гимназија „Јосип Броз – Тито“, ментор: Тања Младеновска). Македонската делегација во Варшава ја сочинуваа и наставниците/ментори: Јулијана Јолевска и Владимир Ѓуровиќ.
Нашите учесници на натпреварот постигнаа бележити резултати. Посебно го истакнуваме успехот на ученикот Дарио Постоловски кој доби Почесно признание за својот есеј.
Филозофското друштво на Македонија во улога на организатор на македонскиот натпревар им честита на учениците за убавиот успех и им посакува натамошна плодна академска кариера.



