Светскиот ден на логиката (2022)

Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје (Филозофија Фзф УКиМ, Филозофски факултет – Скопје) и Филозофското друштво на Македонија приклучувајќи се на одбележувањето на Светскиот ден на логиката, организираат онлајн предавање на тема: ЛОГИКАТА НА ИНДЕТЕРМИНИЗМОТ – АФИРМАЦИЈА НА СЛОБОДНАТА ВОЛЈА со проф. д-р Анета Маркоска-Чубриновска, филозоф и логичар, предавач и истражувач на Универзитет Кентербери во Крајстчерч, Нов Зеланд.
Настанот го модерираше Раководителот на Институтот за филозофија, проф. д-р Ана Димишковска, додека поздравна реч одржа Деканот на Филозофскиот факултет, проф. д-р Ратко Дуев. По предавањето се одржа дискусија.
Светскиот ден на логиката традиционално се одбележува на 14 јануари, кога тој ден во 2019 година е востановен од УНЕСКО и од Меѓународниот совет за филозофија и хуманистички науки (International Council for Philosophy and Human Sciences). Целта на одбележувањето на овој ден е да се подигне глобалната свесност за значењето на логиката, како една од темелните филозофски дисциплини, за развојот на човековите знаења во сите области и за унапредување на културата на мирот, дијалогот и заемното разбирање.
Настанот се одржи на 14 јануари (петок) со почеток во 11 часот и можеше да се следи преку Zoom платформата.