28. издание на списанието „Филозофска трибина“

Минатата недела се појави од печат вториот заостанат број од 2020 година, односно 28. издание на списанието „Филозофска трибина“. За време на вториот ден од одбележувањето на Светскиот ден на филозофијата овој број заедно со претходата 27. „Филозофска трибина“ беа промовирани од страна на проф. д-р Мирко Ѓошевски. Овде приложуваме краток приказ на содржините на 28. број. За жал и ова издание започнува со пригоден текста (in memoriam), посветен на проф. д-р Коле Јовановски (1945–2020) од неговиот универзитетски колега, Мирко Ѓошевски. Во рубриката Библиографии, е предочен избор од објавеното филозофско и научно творештво на проф. Јовановски, подготвен од неговата сопруга, Марија Јовановска.

Најголемиот број статии се поместени во рубриката Авторски текстови. Тука се наоѓаат дванаесет (12) статии од авторите (по редослед): Иван Џепароски, Бошко Караџов, Марија Тодоровска, Александар Стаматов, Љупка Христова–Башевска, Душица Ѓокиќ, Маријана Ѓорѓиева, Борис Тасков, Росано Чолаков, Александар Прокопиев, Дарин Ангеловски и Симо Георгиев. Во 28. „Филозофска трибина“ се среќаваат и два текст во рубриката Студентски форум од колегите Атанасија Гулевска и Мухамед Вели. И на крај, во рубриката Филозофски живот можат да се најдат прилози со информации за филозофските настани и новите филозофски наслови меѓу две „Трибини“.

И овој број на „Филозофска трибини“ е самостојно издание на Филозофското друштво на Македонија, а примероци наскоро ќе можат да се најдат во Книжарница Или Или и Култура – Во светот на книгите и Буква по цена од 150 ден. по примерок.

Содржина: https://fdm.mk/filozofska-tribina-br-28/

You may also like...