Промоции на книги и петта дискусија од Христијански философски форум II

На 19. ноември 2022, сабота, со почеток од 19 часот во градската библиотека Браќа Миладиновци во Скопје ќе се промовираат следните три изданија:

  • Византиска философија од Георги Каприев (превод на Милан Ѓорѓевиќ)
  • Philosophia Christiana од Милан Ѓорѓевиќ
  • И на небо и на земја од Милан Ѓорѓевиќ

На промотивната дискусија ќе учествуваат проф. д-р Владимир Петрушевски,
проф. д-р Ристо Солунчев, како и авторите проф. д-р Георги Каприев и
проф. д-р о. Милан Ѓорѓевиќ. Воведен збор ќе даде претседателот на Филозофското друштво на Македонија, Љупчо Митковски.

Дискусијата ќе биде дел од тековниот „Христијански философски форум II“.
Тема: Facie ad faciem ∎ Лице во лице (1. Кор. 13,12) За личниот однос како предуслов на знаењето.

Насоки на дискусијата:
– философските и богословските димензии на поимите „личност“ и „знаење“;
– односот учител-ученик некогаш и денес;
– универзитетот среде пандемијата КОВИД-19;
– општеството и отуѓувањето.

You may also like...