Светски ден на филозофијата –
Повик за симпозиум
Во рамки на 23. одбележување на Светскиот ден на филозофијата, Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје и Филозофското друштво на Македонија организираат симпозиум на тема:
100 ГОДИНИ ФУКО: СУБЈЕКТ, ЗНАЕЊЕ, МОЌ
По повод стогодишнината од раѓањето на Мишел Фуко (1926-1984), симпозиумот има цел да отвори простор за современи филозофски интерпретации на неговото дело и неговото влијание врз современата хуманистичка и општествена теорија. Творештвото на Фуко претставува една од клучните референтни точки за разбирање на односите меѓу знаењето, моќта и обликувањето на субјектот, како и за анализа на современите институции, дискурси и практики на надзор, дисциплина и биополитика.
Ги предлагаме, но не ограничуваме на, следните поттеми:
Субјектот и обликувањето на себството
- Субјективност и идентитет
- Етиката како грижа за себе
- Телото, сексуалноста и субјектот
- Фуко и античката етика
Знаење, дискурс и вистина
- Археологија и генеалогија на знаењето
- Дискурсот и производството на вистината
- Историја на медицината, пристапи кон лудилото и антипсихијатриските критики
- Фуко и современите хуманистички науки
Моќ, дисциплина и биополитика
- Дисциплина, надзор и нормализација
- Затворот и генеалогијата на казната
- Биополитика и управување со животот
- Надзор и дигитално општество
- Моќ, отпор и облици на субверзија
- Моќта и современите политички практики
Фуко и современата филозофија
- Фуко и постструктурализмот
- Фуко во дијалог со Ниче, Хајдегер, Маркс
- Фуко и психоанализата
- Фуко и критичката теорија
- Современи примени на фукоовската анализа
Симпозиумот ќе се одржи на 19 ноември 2026 година на Филозофскиот факултет во Скопје. Насловот и апстрактот (максимум 300 зборови) на излагањата треба да бидат доставени на адресата: macedonian.philosophy@gmail.com најдоцна до 15 октомври 2026. Во прилог на апстрактите треба да биде назначено целосното име, афилијацијата и електронската адреса за контакт на авторот. Известување за прифаќање на апстрактите ќе биде пратено до 1 ноември 2026 година.
Ве очекуваме,



