Шеста панел дискусија на ХФФ II:
In mundo (Во светот)

На 24 ноември (четврток, 18 ч.) е предвидена шестата панел дискусија од Христијанскиот философски форум II.
Тема на дискусијата е In mundo (Во светот), а гости на панелот ќе бидат:
д-р Давор Џалто (професор на Универзитетскиот колеџ во Стокхолм) и
д-р Јордан Шишовски (предавач на Факултет за архитектура и дизајн, УАКС, Скопје).
Домаќини на дискусијата се: д-р отец Милан Ѓорѓевиќ (професор на Православниот Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, УКИМ – Скопје) и
д-р Ристо Солунчев (професор на Филозофскиот факултет, УКИМ – Скопје).
На Форумот ќе се дискутира за односот на христијаните кон општеството (секуларно општество VS секуларизација на Црквата, за историската мисија на христијанството; за инхерентната дијалектика на историското присуство на Црквата во светот; за верата и идеологијата, за црковниот живот, политиката и активизмот…)
Настанот ќе се пренесува во живо на YouTube каналот на Форумот на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=r7P3SVRJ_Fw.